Околу 40.000 мигранти се обиделе да влезат во Полска од Белорусија

Речиси 40.000 мигранти се обиделе илегално да влезат во Полска од Белорусија минатата година, соопшти полската гранична служба.

Вкупно 44 лица се обиделе илегално да ја преминат полско-белоруската граница на последниот ден од 2021 година, се наведува во соопштението.

Во 2021 година се регистрирани дури 39.700 обиди за илегално преминување на границата, од кои 1.700 во декември.