11.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Околу 40 лица задржани во притвор по вчерашните протести во Франција

Околу 40 лица се задржани денеска во притвор , еден ден по протестите што се одржаа низ цела Франција против законот за глобална безбедност.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на протестите имало нешто повеќе од 26 000 луѓе, додека организаторите ја наведоа бројката од 60 000 луѓе низ цела Франција.

Фигаро објави дека не се забележани поголеми инциденти на протестите, но дека во Париз се распоредени дополнителни полициски сили.

Полицијата во Париз ги растера демонстрантите со водени топови, наведувајќи дека намерно избегнувале да испукаат солзавец.

Французите протестираат против нацрт-законот за глобална безбедност, кој, меѓу другото, предвидува забрана за објавување слики и видеа на полицајци за време на интервенција.

Партиите што го сочинуваат мнозинството во парламентот на крајот на ноември објавија дека ќе предложат нова верзија на спорниот член 24 од нацрт-законот за глобална безбедност.

Противниците на тој член од нацрт-законот претходно оценија дека тој претставува пречка за правото на слободно информирање и побараа негово целосно повлекување.