– Центарот за сместување во Сакарамангас може да собере околу 2.500 луѓе, изјави министерот за поморска трговија Тодорис Дрицас за АНА-МПА, додавајќи дека следните денови ќе бидат преместени уште повеќе бегалци.
Тој додаде дека волонтерските организации ќе обезбедат помош во овие објекти и истакна дека целта на Владата е итно да се ослободи и центарот за сместување во Елинико, и тоа уште во наредните неколку денови.
Покрај тоа, Дрицас рече дека бегалците кои нема да можат да бидат сместени во Скарамангас, ќе бидат испратени до други објекти кои се подготвуваат.
Во меѓувреме, како што јави дописникот на МИА од Атина, во Пиреја денеска дојде до нов инцидент меѓу мигрантите поради изгубен мобилен телефон. Според некои извори, во тепачка е повреден еден Либанец кој е хоспитализиран.
Во инцидентот нема уапсени лица, соопштија претставници на пристанишните власти.