Околу 60 скопјани пијани за воланот

83

Несовесни скопјани, иако испиле малку повеќе алкохол седнале зад воланот.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека изминатиов викенд во Скопје е спроведена  акциска контрола во делот на сообраќајот, односно контрола на возачи по однос на конзумирање алкохол, но и контрола по однос на почитувањето на сообраќајните правила и прописи.

Според полициските податоци кај  58 лица е утврдено дека дека истите управувале возила под дејство на алкохол, 24 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола. Без возачка дозвола управувале 13 возачи, а кај 14 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло додека 10 возачи управувале возило со брзина над дозволената.

Исто така, сообраќајните полицајци при СВР Скопје утврдиле дека 16 возачи не користеле соборени светла,  а 10 возачи зборувале на мобилен телефон додека управувале со возило.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.