Околу 65.000 француски домаќинства останаа без струја поради бура

Околу 65.000 домаќинства во западна Франција останаа во понеделникот без електрична енергија кога атлантскиот брег го зафати брегот Кармен која во текот на денот скршна кон југот, соопшти локалната компанија за снабдување со електрична енергија „Enedis“.

Бурата Кармен е проследена со ветер кон на моменти дува и до 150 километри на час, а предизвикал штета и во северозападниот дел на Бретања, пишува регионалниот портал Sud Oest.

Претходно во понеделникот околу 40.000 домаќинства во Бретања останале без струја, но снабдувањето повторно е воспоставено за 30.000 домаќинство, наведуваат од „Endis“ и додаваат дека на терен ангажирале 1.500 службеници за да го отстранат недостатокот.

Шеесетгодишен маж смртно настрадал во неделата во градот Сен-Жан-Пиед-де-Порт на југозападот од Франција кога поради силниот ветер врз неговиот автомобил паднала стебло.

Кармен е третата бура која оваа зима ја погоди Франција, по бурите Ада и Бруно, кои земјата ја погодија во декември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.