Околу 7.500 работодавци во Хрватска не исплаќале плати на работниците

Во периодот јануари-јуни, 7.461 работодавец во Хрватска, кои вработувале 27.534 лица, не им исплаќале плати на своите работници, покажуваат податоците на Даночната администрација.

Хрватската даночна служба на својата интернет страница објави список со работодавци, кои не им исплаќале плати на своите работници во тој период.

Првиот ваков список беше објавен од Даночната администрација и Министерството за труд и пензиски систем на 15 јули и на него беа поместени имињата на 7.038 работодавци.

Даночната администрација го актуелизира тој список секоја недела.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.