Околу 75 отсто од Турците го одобруваат купувањето на руските ситеми С-400

Околу 75 отсто од турските граѓани ја одобруваат набавката на руските протовракетни системи С-400, според истражувањето на јавното мнение спроведено од турската агенција ADA.

Анкетата, спроведена во периодот од 19-ти до 30-ти август во 36 турски покраина опфатила 1.721 човек, во која на испитаниците им биле поставувани прашања за актуелните теми од домашната и надворешната политика на земјата.

При одговорот на прашањето за оцена на набавката на руските противракетни системи „С-400“, и покрај спротиставеноста на САД, 74,9 отсто од испитаниците го одбрале одговорот „одобрувам“, а 14,9 отсто „не одобрувам“, додека 7,3 проценти се воздржиле од јасен одговор.

Одговарајќи на прашањето за тоа кои земји се пријателски настроени кон Турци а кои се непријателски расположени, дури 94,5 отсто од испитаниците ги навеле САД како непријателска земја. Меѓу пријателските земји, далеку најмногу Турци се изјасниле за Азербејџан – 83 отсто, за Русија 16,3 и за Кина 10,2 отсто.
Претходно анкетата на ADA беше една од ретките кои предвидуваше победа на опозицискиот кандидат на Републиканската нардона партија (CHP), Екрем Имамоглу на изборите за градоначалник на Истанбул во март годинава.

Испораката на напредните системи на противвоздушна одбрана од Русија, кои предизвикаа криза во односите меѓу Анкара и Вашингтон, започнаа кон средината на јули. Околу средината на септември се одвиваше втората фаза од испораките на системите С-400. Според турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, руските системи за противвоздушна одбрана целосно оперативни во април 2020 година.

Вашингтон бараше од Анкара раскинување на зделката и во замена ги понуди своите системи „Patriot“, заканувајќи се со запирање па дури и прекинување на договорот за испорака на борбените авиони од типот „F-35“ на Турција, како и воведување санкции во согласност со CAATSA (законот За спротиставување на на противниците на Америка преку санкции).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.