Oколу 80 отсто од Русите му веруваат на Путин, покажа истражувањето на „Јавно мислење“

Околу 80 отсто од Русите му веруваат на претседателот на Русија, Владимир Путин, покажа истражувањето на Фондот „Јавно мислење“. Според податоците, 79 отсто од граѓаните му веруваат на рускиот претседател, 13 отсто немаат доверба, додека осум отсто не одговориле на прашањето.
Според мислењето на мнозинството испитаници, 81 отсто од нив, сметаат дека Путин добро си ја врши работата, додека десет отсто сметаат дека лошо ја врши.
Истражувањето беше спроведено на 7 август и во него учествуваа 1.500 испитаници на возраст од 18 години и постари, од 103 градови во 53 руски региони. Статистичката грешка не надминува два и пол проценти.
Во исто време, и Серускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ) спроведе истражување за довербата во рускиот претседател. Според тоа истражување, 78,3 отсто од граѓаните ги одобруваат активностите на претседателот на Русија, а над 81 отсто му веруваат.
Во истражувањето се вклучени и други високи руски функционери – на премиерот Михаил Мишустин му веруваат 52,2 отсто од граѓаните, на лидерот на Комунистичката партија Генадиј Зјуганов 33,8 отсто, на лидерот на ЛДПР Леонид Слуцки 18,6 отсто, додека во Владата на Руската Федерација доверба имаат 52,6 отсто од испитаниците.
Оваа анкета е спроведена од 1 до 7 август на примерок од 1.600 граѓани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.