Околу 90 отсто од африканските земји нема да вакцинираат ни 10 отсто од населението до септември

Околу 90 отсто од африканските земји нема да ја остварат зададената цел да вакцинираат против Covid-19 барем 10 отсто од населението, соопшти во четвртокот Светската здравствена организација (СЗО – WHO) предупредувајќи дека на овој континент му се заканува трет бран пандемија.

Матшидисо Моети, регионален директор на СЗО за Африка, изјави дека на црниот континент му се потребни дополнителни 225 милиони дози од вакцините против коронавирусот за да можат до септември да вакцинираат десетина од африканското население.

Африка досега забележа пет милиони случаи на зараза со Covid-19, а најмногу е погодено подрачјето на јужниот дел на Африка на којашто отпаѓаат 37 отсто од сите африкански случаи. Поединечно, од земјите на континентот најлошо минува Јужноафриканската Република (ЈАР), на којашто отпаѓаат дури 34 отсто од сите случаи на зарази и 43 отсто од сите смртни случаи на коронавирусот во Африка.

„Резервите од вакцините и испораките се намалуваат, на континентот со првата доза се вакцинирани се само 2 отсто од населението, а во субсахарска Африка само 1 процент“, истакна Моети.

Директорот на Африканскиот центар за контрола на болестите Џон Нкенгасонг предпреди дека 14 африкански „агресивно“ напредуваат кон третиот бран на пандемијата, како и дека контитентот сериозно го зафатил „индијанскиот“ сој на коронавирусот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.