Околу пет илјади евра ограбени од обложувалница

Засега непознат разбојни во неделата вечерта заканувајќи се со пиштол ограбил обложувалница во Скопје, однесувајќи со себе сума од околу пет илјади евра.

Во ЕИК-Скопје во неделата околу 22,12 часот било пријавено дека на улицата „Ратко Митровиќ“, поточно во спортската обложувалница „Спорт Лајф“, од страна на непознато лице со закана со пиштол било извршено разбојништво врз вработениот.

Пријавено, исто така, било дека биле одземени околу 300.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на кривичното дело.