Околу пет отсто од тестовите за антитела во Велика Британија се позитивни

Околу пет отсто од тестовите за антитела во Велика Британија се позитивни, рече денеска британскиот министер за здравство, Мет Ханкок, повикувајќи се на студија спроведена од Владата.

Студијата покажа дека просекот на позитивни тестови во Лондон е поголем и изнесува 17 проценти, пренесува Си-ен-ен.

Швајцарската мултинационална компанија „Роше“ и американската „Абот“ ќе ја снабдат британската влада со 10 милиони тестови за антитела, додаде Ханкок.