Ѓоковиќ ќе ја напушти Австралија со лет во 12,30 часот

106

Најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ, ќе замине во неделата од Австралија со летот за Дубаи во 22,30 часот по локално време.

Информацијата ја пренесуваат австралискти весници Age и Sydney Morning Herald на своите интернет страници.

Според информацијата, Ѓоковиќ ќе замине со летот на компанијата „Emirates“ во 22,30 часот по локално време, односно 12.30 часот по средноевропско време.

Австралискиот сојузен суд ја потврди во неделата владината одлука да му ја повлече издадената виза за влез во земјата на Новак Ѓоковиќ, со што еден од најдобрите во историјата на тенисот играч е оневозможен да се обиде да дојде до рекордните 10 титули на Австралија Опен и 21 во освоени грен-слем турнири во машка конкуренција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.