Ѓоковиќ ги предводи тенисерите и според заработката во 2021-ва

Светската тениска организација ја објави листата на заработки на тенисерите на турнирите во текот на 2021 година, а и на ова рангирање најдобар е српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Во 2021 година првиот тенисер на светот од турниските награди заработил малку повеќе од девет милиони американски долари, односно 9.100.546 долари, што е значително повече од второпласираниот на оваа листа Русинот Данил Медведев кој заработил 7.481.271 долари.

Меѓу петмината со најголеми заработки се и победникот на Олимписките игри и на завршното АТП Финале, германскиот тенисер Александер Зверев со 6.420.344 долари, Гркот Стафанос Циципас со 3.579.155 долари, а следува уште еден Русин, Андреј Рублов со 3.331.378 долари.

Повеќе од милион американски долари на турнирите ширум светот годинава освоиле вкупно 37 тенисери, но само еден меѓу нив има поголема заработка од успесите во настапите во двојки отколку во поединечна конкуренција. Станува збор за Французинот Пјер-Уг Ербер кој во двојки заработил речиси 620.00 долари а во поединечните настапи малку помалку од 450.000 долари.