Ѓоковиќ го достигна рекордот на Пит Сампрас

Erste Bank Open ATP tennis tournament in Vienna, Austria, 28 October 2020. EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ и официјано стана „недопирлив“ годинава за Рафаел Надал и по шести пат во кариерата сезоната ќе ја заврши на врвот на АТП листата, со што го израмни рекордот на Американецот Пит Сампрас.

„Пит беше мојот идол додека растев, а со израмнувањето на неговиот рекорд го остварив сонот. И натаму ќе се обидувам да бидам уште подобар играч, се надевам дека ќе имам уште успеси и ќе урнам уште некои рекорди во спортот кој го сакам со сето срце“, изјавува Ѓоковиќ во соопштението на АТП Тур.

Сампрас, сепак, шест години последователно, од 1993 до 1998 година, беше најдобар на завршната поединечна АТП листа, додека Ѓоковиќ тоа го оствари шест пати во последните десет години. Српскиот тенисер првпат сезоната ја заврши како број еден во 2011-та, а потоа тоа го повторуваше и во 2012-та, 2014-та, 2015-та и во 2018 година.

Шпанецот Рафаел Надал и Швајцарецот Роџер Федерер по пат пати беа најдобри на крајот од годината на поединечната АТП листа.

Ѓоковиќ својот последен период на владеење со светкиот тенис го започна на 3-ти февруари годинава, откако по осми пат во кариерата го освои Отвореното првенство на Австралија, а во хаотичната и скратена сезона досега оствари 39 победи со само три пораза а ја овои титулата и во Дубаи, како и Мастерсите во Рим и во Њујорк, кој беше домаќин наместо Синсинати.

Неговата моментална предност пред Надал од 1.980 бодови му гарантира дека годината ќе ја заврши на првото место, а Шпанецот теоретски може да го достигне со освојувањето на својта прва титула на парискиот Мастерс и следната седмица на турнирот од серијата 250 во Софија, како и со триумф на АТП Финалето во Лондон, со услов до него да дојде без пораз.

Меѓутоа, бидејќи Надал не се одлучи да побара покана за настапот во Софија, Ѓоковиќ со објавувањето на жрепката на главниот турнир и службено го осигури „бројот еден“ на крајот од 2020 година. За тоа признанието ќе го добие во текот на настапот на завршниот турнир во Лоднонската „О2 Арена“, кој на распоредот е од 15-ти до 22-ри ноември.