Ѓоковиќ го освои мастерс турнирот во Рим и постави рекорд

Новак Ѓоковиќ е победник на машкиот турнир во Рим откако во финалето со 7-5 и 6-3 го совлада Аргентинецот Диего Шварцман.

Со оваа победа најдобриот светски тенисер освои нови 400 бодови на АТП листата и ја завери 36-тата титула на турнирите од мастерс серијата со што е апсолутен рекордер пред Рафа Надал кој има 35.  Воедно Ѓоковиќ е најстариот победник во Рим со 33 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.