Ѓоковиќ го помина и Фокина

Давидович Фокина како играч кој често знае да биде спаринг партнер на Новак Ѓоковиќ во Шпанија истакна дека има шанси за триумф против светскиот рекет број еден, но надежите кои ги имаше пред мечот, не успеа да ги спроведе на дело.

Најдобриот светски тенисер му пружи шанса само на почетокот кога Фокина имаше две брејк топки, но откако не ги реализираше, следеше сериозен напад од Србинот кој во продолжение од мечот му препушти само три гејма на противникот.

При резултат 1:1, Новак спаси две брејк топки, а потоа првиот сет го доби со 6:3, а во вториот беше преубедлив и славеше со 6:1.

Во четвртфиналето, Ѓоковиќ ќе има навистина интересен предизвик, бидејќи ќе игра против домашната гордост на олимпискиот турнир, Јапонецот Кеи Нишикори.

Нишикори беше подобар од Ивашка со 2:0 во сетови, додека денеска најголемото разочарување го приреди Циципас кој загуби од Имбер со 2:1.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.