Ѓоковиќ го совлада Хачанов во спектакуларен меч, во полуфиналето против победникот од Алкараз – Циципас

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос откако денеска во спектакуларен меч го совлада Карен Хачанов со 3:1 (4:6, 7:6 (7:0), 6:2, 6:4). Новак во полуфиналето на Ролан Гарос ќе игра против подобриот од натпреварот Алкараз – Циципас, а нивниот натпревар е закажан за 20.15 часот.