Ѓоковиќ го „збриша“ Шарди, за стартна победа на Австралија опен

Првиот рекет на светот и за многумина најголемиот фаворит за трофејот, Новак Ѓоковиќ, успешно ја мина првата пречка на Австралија Опен.

Српскиот ас одигра доминантен меч и за нешто повеќе од час и половина и во три сета го „збриша“ искусниот Џереми Шарди од Франција (6-3, 6-1, 6-2). Рекордерот на освоени титули на Грен слемот во Мелбурн (8), уште во првиот гем се избори за брејк предност, која до крајот на првиот сет ја потврди со уште еден гем на противнички сервис и се избори за водство од 1-0.

Ништо не се промени ниту во вториот сет. Ѓоковиќ продолжи со одличната игра и поведе со 5-0, а потоа му препушти еден гем на противникот и веќе стигна до комотни 2-0 (6-1). 33-годишниот Французин немаше решение ниту во вториот сет, го загуби првиот гем на свој сервис, а потоа и петтиот и Србинот со 6-2 се пласира во второто коло на Австралија опен.

Лесна победа во три сета извојува и Кирјиос над Фереира Силва (6-4, 6-4, 6-4), додека вториот домашен тенисер Томиќ второ коло обезбеди откако при резултат 1-1 во сетови, Јапонецот Сугита го предаде мечот.