Ѓоковиќ мораше да се откаже од настапите во Индијана Велс и Мајами

Второрангираниот најдобар тенисер на светот во моментов, Србинот Новак Ѓоковиќ, мораше да се откаже од настапот на два американски Мастерс 1000 турнира, во Индијана Велс и во Мајами, бидејќи не е вакциниран а тоа го потврди со својата објава на социјалните мрежи.

„Автоматски бев пријавен за BNP Paribas Open и за Miami Open, но знаев дека е малку веројатно дека ќе можам да отпатува. Од американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (CDC) ми потврдија дека правилата нема да се менуваат и затоа нема да можам да играм во Соединетоте држави“, напиша Ѓоковиќ во објавата и им посака среќа на сите кои ќе настапат на овие големи турнири.

Името на Ѓоковиќ се најде и во жрепката за турнирот во Индијана Велс. Бидејќи во моментот кога српскиот тенисер го откажа настапот сѐ уште не беше објавен распоредот за игрите во четвртокот, се случи промена во жребот така што Бугаринот Григор Димитров, највисок рангираниот од непоставени тенисери беше промовиран во 33-от носител и е преместен на дното на жребот и доби слободно минување во второто коло. На местото на бугарскиот тенисер во жребот е внесен играчот од квалификациите, Казахстанецот Михаил Кукушкин кој за место во второто коло ќе се бори со Американецот Томи Пол.

Според сегашната ситуација, првиот следен настап на Ѓоковиќ би можел да биде на првиот годинешен турнир од Мастерс 1000 серијата кој ќе се игра на земјана подлога во Монте Карло, имајќи го предвид најавеното попуштање на епидемиолошките мерки кои ги пропишуваат франциските власт а важат и за Кнежевството Монако.

Ѓоковиќ досега годинава одигра само три меча на турнирот во Дубаи, каде ги победи Италијанецот Лоренци Мусети и Русинот Карен Хачанов, пред во четврфиналето да биде изненаден од Чехот Јири Весели.