Ѓоковиќ: Не бев депортиран од Австралија затоа што не бев вакциниран

Луѓето веројатно не го знаат – не бев депортиран од Австралија затоа што не бев вакциниран, или затоа што прекршив некои правила или затоа што имав грешка во моето барање за виза. Сето тоа, всушност, беше одобрено, а потоа потврдено од Федералниот суд и министерот за имиграција, вели најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ.

-Причината поради која бев депортиран од Австралија беше тоа што министерот за имиграција (Алекс Хок) ја искористи својата дискреција да ми ја укине визата врз основа на ставот дека можам да создадам некое антиваксерско чувство во земјата или градот, а јас воопшто не се согласувам со тоа, открива Ѓоковиќ во интервјуто за „Би-Би-Си“.