Ѓоковиќ не игра во финалето во Задар поради коронавирус

799

Финалниот натпревар на Адриа тур во Задар е откажан откако бугарскиот тенисер Григор Димитров објави дека е позитивен на коронавирус. Во финалето требаше силите да си ги одмерат Новак Ѓоковиќ и Андреј Рубљов.

Одлуката на публиката и ја соопшти Горан Иванишевиќ.

„Туку што ја добивме информацијата дека Григор е позитивен и мораме да го откажеме финалето поради сигурноста на сите нас, тенисерите и луѓето. Жалам што ме исвиркавте, но јас не сум позитивен. Во име на организацијата на Григор му посакувам се најдобро и што побрзо да оздраве. Ова беше единствената правилна одлука. Ви се заблагодарувам на овие три прекрасни денови во Задар. Навистина угостивте врвни светски ѕвезди. Благодарам Задар, фала Хрватска, но ете. Моравме да го откажеме, јас се извинувам. Единствено може јас да играм, изјави Иванишевиќ.

Директорот на Адриа тур соопшти дека сите кои имале контакт со Димитров ќе бидат тестирани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.