Ѓоковиќ: Не сум сигурен дали ќе играм на УС Опен

44

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, се врати на теренот по пауза од 14 дена поради позитивен тест за коронавирусот.

Ѓоковиќ направи целосна тренинг сесија со Виктор Троицки, на неговата академија во Дорчол и во моментов се чувствува добро.

– Не сум сигурен дали ќе играм на УС Опен. Планирам да ги играм Мадрид, Рим и Ролан Гарос во септември, рече тој во интервју за „Спортски весник“.

Ѓоковиќ го одигра својот последен натпревар во Задар на „Адрија Тур“, каде требаше да игра и во финалето, но истиот беше откажан откако беше откриено дека Бугаринот Григор Димитров е позитивен на Ковид-19

Набргу потоа, Новак се врати во Србија, каде што беше тестиран со сопругата Јелена, а резултатите покажаа дека тие имаат коронавирус.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.