Ѓоковиќ нема да може да настапи и во Мајами

Директорот на големиот АТП турнир од серијата „мастерс 1000“ во Мајами, кој почнува в среда, Џејмс Блејк, потврди дека најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да може да настапи.

Ѓоковиќ нема дозвола за влез во САД бидејќи не е вакциниран против коронавирусот. Српскиот тенисер во февруари поднесе барање до американските власти за посебна дозвола за да може да настапи на турнирите во Индијан Велс, кој е во тек, и во Мајами, на кои нема настапувано од 2019 година.

„Јасно е дека нашиот турнир е еден од најдобрите во светот и затоа би сакале да ги имаме сите најдобри играчи. Направивме сè што можевме, се обидовме и преговаравме со владата, но без успех“, рече Блејк.

Ѓоковиќ има пет титули во кариерата на турнирот во Мајами.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.