Ѓоковиќ остана без олимписки медал

Српскиот тенисер и светски рекет број еден Новак Ѓоковиќ од Токио се враќа без медал во сингл, откако утринава загуби од Шпанецот Пабло Карењо Буста со 6:4, 6:7, 6:3 во мечот за третото место.

Ѓоковиќ делуваше нервозно и ги изгуби нервите во решавачкиот сет, па еднаш го фрли рекетот во трибините, а потоа и го скрши.

Ѓоковиќ сепак има шанса да освои медал во Токио, бидејќи денеска игра и во мечот за трето место во мешани двојки, со партнерката Нина Стојановиќ.

Иако важеше за најголем фаворит за златниот медал, вчерашниот пораз од Александар Зверев во полуфиналето го деморализира Ѓоковиќ и денеска го загуби и мечот за бронзениот медал.