Ѓоковиќ по седми пат во кариерата го освои Вимблдон!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ славеше во финалето на Вимблдон со 3-1 во сетови, односно 4-6, 6-3, 6-4 и 7-6, па така се закити со неговата 21. гренслем-титула во кариерата и сега има само една помалку од вечниот ривал Рафаел Надал.

Кирјос направи брејк во петтиот гем за водство од 3-2, по што сервирарше успешно и го освои првиот сет со 6-4 за почеток од соништата, но потоа почна доминацијата на Србинот.

Ѓоковиќ на идентичен начин врати во вториот сет (6-3), а само еден брејк го реши и третиот сет (6-4) со што српскиот тенисер направи пресврт.

Голема битка се водеше во последниот сет, но победникот се решаваше во тај-брејк, каде што Ѓоковиќ беше подобар со 7-3 и така стигна до големиот трофеј на Вимблдон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.