Ѓоковиќ посилен од Лондеро и повредата

Новак Ѓоковиќ избори пласман во третото коло на Ју-Ес опен. Србинот во втората рунда го совлада Аргентинецот Хуан Игнасио Лондеро со 3-0 (6/4, 7/6, 6/1).

Лондеро во поголемиот дел од мечот одлично му парираше на најдобриот во светот, кој во текот на целиот меч имаше проблем со левото рамо.

Неколку пати му беше укажана лекарска помош, а подоцна е откриено дека проблемот настанал уште пред мечот.

Сепак Ѓоковиќ уште еднаш ја покажа високата класа, во важните моменти успеа да покаже колку е психички силен и без загубен сет да се пласира во наредната рунда.