Ѓоковиќ потврди: Добил виза, ќе настапи на Австралија опен

Поранешниот светски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ потврди денеска дека добил виза за влез во Австралија и ќе може да настапи на првиот Грен – слем турнир идната година, Австралија опен во јануари 2023.

Ѓоковиќ оваа година не може да ја брани титулата на турнирот во Мелбурн, откако беше депортиран бидејќи не е вакциниран против коронавирусот.

-Навистина ме израдува веста што ја добив вчера. Јасно е дека тоа е големо олеснување ако се знае низ што сè јас и моите најблиски минавме на почетокот на оваа година, изјави Ѓоковиќ, откако попладнево го совлада Андреј Рубљов на АТП финалниот турнир во Торино и со тоа обезбеди пласман во полуфиналето на завршницата.

Ѓоковиќ во кариерата има девет титули на Австралија Опен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.