Ѓоковиќ преку Зверев во полуфиналето на Австралија опен

Првиот светски рекет обезбеди пласман во полуфиналето на Австралија Опен по победата во четири сета над Александер Зверев и тоа со 6:7,6:2,6:4,7:6.

Новак Ѓоковиќ го продолжува походот кон одбрана на титулата на Австралија Опен откако по три и пол часа игра го совлада седмиот носител, Александер Зверев.
Иако во меѓусебните дуели Ѓоковиќ води со 5:2 и има четири победи во низа, овој пат, освенсо  Зверев преку мрежата, српскиот тенисер се мачеше и со повредите, поточно со стомачните мускули. Сепак најде сила да го совлада германскиот тенисер и по 39. пат да игра во едно грен слем полуфинале, деветто во Мелбурн. Ѓоковиќ дуелот го заврши со 23 асови, 48 винери и 56 неизнудени грешки, додека на спротивната страна Зверев имаше 21 ас, 45. директни поени и 38 грешки.

Стартот на мечот започна фуриозно за Зверев имаше водство од 2:4, потоа при 4:5 сервираше за сет, но Ѓоковиќ успеа да направи брејк и да го однесе сетот во тај брејкот. Во него подобро се снајде Зверев кој ја искористи втората сет топка и триумфира со 6:8.
Во вториот сет, тотална доминација на бранителот на трофејот, ги одзеде првите два сервиси на противникот и поведе со 3:0 по што рутински дојде до израмнување на 1:1 во сетови.

Третиот сет најдобро покажува зашто Новак Ѓоковиќ е еден од најдобрите тенисери во историјата и се смета за „ментална планина“, односно тешко подлегнува на притисокот. Имено, Зверев водеше со 1:4 откако направи брејк во вториот гем, но потоа на сцена стапи Ѓоковиќ кој со неверојатна игра успеа да освои четири гемови по ред за 6:4 и водство од 2:1 во сетови.
Во четвртиот сет и двајцата тенисери имаа по еден брејк и ретко му даваа на противникот шанса за нов брејк по што сетот отиде во одлучувачкиот 13. гем. Во него, и двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис се до 6:6 кога Зверев го губи поени, а Ѓоковиќ со ас сервис обезбеди пласман во полуфиналето.
Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето ќе му биде руската сензација Аслан Карацев.

Кај дамите, пласман во полуфиналето обезбеди 39-годишната Серена Вилијамс по триумфот над Симона Халеп од 6:3,6:3.