Ѓоковиќ пристигна во Дубаи, фановите се фотографираат

Новак Ѓоковиќ го напушти Мелбурн и на патот кон својата татковина Србија, направи пауза на аеродрмот во Дубаи.

На аеродромот бројни фанови на српскиот тенисер искористија неповторлива прилика да се фотографираат со славниот тенисер, а во обидот да направат селфи со Новак не им пречеше тоа што тој не е вакциниран.

Белграѓани го очекуваат пристигнувањето на тенисерот, чиј обид за настап на Австралија опен заврши неславно. На Ѓоковиќ му беше одземена визата за влез во земјата, а целата постапка траеше 11 дена. Дел од времето тој го помина и во притвор, а не доби дозвола за настап на Отвореното првенство во Австралија бидејќи претставува закана за јавното здравје, бидејќи не е вакциниран со вакцините против ковид-19.

Во Белград на еден електронски билборд може да се прочита и пораката – „Ноле те чекаат твоите“. А има и повеќе транспаренти со пораката – „Новак ти си нашиот херој“.

https://twitter.com/Slavica_NoleFam/status/1482807098635436035?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1482807098635436035%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2Fokovi-pristigna-vo-dubai-na-fanovite-ne-im-precheshe-toa-shto-teniserot-e-nevakciniran%2F