Ѓоковиќ продолжува на патот кон петтата титула во Дубаи

Новак Ѓоковиќ, лидер во светската ранг-листа, продолжува самоуверено кон петтата титула во Дубаи со награден фонд од 2,95 милиони долари.

Во четвртфиналето, Србинот го совлада Русинот Карен Хачанов со 6: 2, 6: 2 за само 68 минути игра и со нетрпение го чека својот ривал во судирите за место во финалето.

Против Хачанов, Србинот освои 28 од 49-те поени што ги одигра на сервис на неговиот противник во мечот.