Ѓоковиќ: Рафа покажа зашто е „крал на земјените терени“

Новак Ѓоковиќ по поразот во финалето на Ролан Гарос, истакна дека не е задоволен како одигра, но воедно му оддаде признание на Надал за 13. титула во Париз.

Надал во 13. грем слем триумф во Париз дојде откако во големото финале го совлада Ѓоковиќ со 6:0,6:2,7:5.

– Му честитам на Рафа и на неговиот тим и семејство. Тоа што го правиш на овој терен е неверојатно. И не само тука туку и во кариерата. Ти си голем шампион. Покажа дека си „крал на земјените терени“ и тоа го почувствував на своја кожа. Ова беше тежок меч за мене, не сум задоволен како играв, но бев надигран од подобар тенисер – рече Ѓоковиќ на церемонијата на доделувањето на пехарите.

Ова беше четврти пораз за српскиот тенисер во финалето на Ролан Гарос, и во сите четири случаи губеше токму од Надал.
–  Ова неколку добри недели во овие тешки моменти за сите во светот. Ние добивме можност да играме тенис, спорт кој го сакаме и благодарност за сите кои го организираа овој турнир – додаде Новак Ѓоковиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.