Ѓоковиќ расплака дете во Тел Авив (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ се најде во полуфиналето на трунирот во Тел Авив каде ќе игра против Роман Сафиулин.

Српскиот тенисер по завршување на четвртфиналето се најде во центарот на вниманието. Ноле ја исполни желбата на едно детенце, го забележа неговиот транспарент со молба да го добие рекетот.

Ѓоковиќ веднаш му ја исполни желбата, по што момчето не успеа да ги скрие емоциите, едноставно се расплака од среќа.