Ѓоковиќ разочаран од одлуката на судот да биде депортиран од Австралија

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе биде депортиран од Австралија, откако Федералниот суд во неделата утрото ја потврди одлуката на владата за поништување на визата.

Австралиската влада смета дека 34-годишниот Ѓоковиќ, кој не е вакциниран против Covid-19, е закана за јавното здравје.

Ѓоковиќ требаше утре да го почне настапот на Австралијан опен, првиот гренд слем во годината, но сега веќе нема да може да ја брани титулата. Србинот е сместен во имиграциски притвор во хотел во Мелбурн, истото место каде што беше однесен кога пристигна во Австралија на 6-ти јануари.

Ѓоковиќ подоцна порача дека и исклучително разочаран од одлуката на австралискиот сојузен суд кој му го оневозможи играњето на турникор и останувањето на Австралија.

„Ќе земам извосно време за одмор и закпремнување. Пред повторно да се огласам. Исклучително сум разочаран од одлуката на судит за одбивање на моето барање за преиспитување на одлуката на министерот за откажување на визата, што значу дека не можам да останам во Австралија и да учествувам на Австралија Опен“.

„Ја почитувам одлуката на судот и ќе соработувам со надлежните власти околу моето заминување од земјата“, додаде најдорбиот тенисер на светот.

Автралискиот сојузен суд ја потврди претходно валдината одлука за укинување на визата за Новак Ѓоковиќ, со што се згаснети надежите дека тениската суперѕвезда ќе го освои рекордната титула на Австралија Опен и рекордниот 21-ма гре-слем титула во машка конкуренција.

„Не ми е драго што изминатите седмици фокусот беше на мене и се надевам дека сега сите можеме да се насочиме на играта и турнирот кој го сакам. Им посакувам сѐ најдобро на играчите, функционерите на турнирот, персонало, волонтерите и обожавателите“, се наведува во писмената изјава на Ѓоковиќ за јавноста.

Им се заблагодари, исто така, и на своето семејство, на пријателите, тимот и обожавателите, како и на сонародниците Срби на поддршката.

Австралија Опен набрзи објави дека Ѓоковиќ ќе биде заменет со Салваторе Карузо.

Неговиот адвокатски тим, кој сѐ уште на располагање има извесни правни опции, сѐ уште не се огласи дали ќе се обиде со уште нештор. Окткао судот го потврди укинувањето на визата за Ѓоковиќ, австралиски правни стручњаци наведуваат дека постојат уште некои теоретски правни опции за неговите адвокати но без големи нади, бидејќи вклучуваат на пример молба до минитерот за имиграција за издавање привремена виза, односно истиот министер кој и ја укина визата, пренесува CNN.