Ѓоковиќ само еднаш ѝ побарал помош на кралицата, а таа го одбила, тоа нема да и го прости

Кралицата Елизабета одбила да му помогне на Новак Ѓоковиќ да игра на Австралија Опен и го игнорирала барањето во писмото кое ѝ го испратил таткото на Новак, Срѓан, тврди британски Експрес.

„Кралицата Елизабета го игнорираше барањето на таткото на Новак и не интервенираше да му помогне на Србинот на Австралија опен. Таа беше голем љубител на спортот, особено на коњичкиот спорт. Таа не следеше толку тенис, иако неколку пати била на Вимблдон во текот на нејзиното 70-годишно владеење. И покрај незаинтересираноста, таа тогаш се најде во центарот на контроверзиите“, пишува Експрес.

Да потсетиме, Ѓоковиќ доби лекарско ослободување за влез во Австралија, ги имаше сите потребни овластувања, но потоа дојде до мешање на политиката во спортот. Тогашниот премиер на Австријал, Скот Морисон и министерот за имиграција, Алекс Хок, го искористија своето влијаниеда го депортираат тенисерот од Мелбурн.

Сепак, новите гласини велат дека на Ѓоковиќ ќе му биде дозволено да игра на следниот Австралија Опен и дека тоа е „средено“ со новите власти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.