Ѓоковиќ се израмни со Лендл по победите на завршните турнири

48

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ денес, во првото коло „Зелена група“ на завршниот АТП турнир во Торино го победи осмиот на светската ранг-листа, Каспер Руд од Норвешка со 2:0. Првиот сет беше решен во тај-брејк со 7:4 за Србинот, додека вториот заврши 6:2.

За Ѓоковиќ ова е вкупно 39-та победа во кариерата на завршните АТП турнири. Според овој индикатор, тој е втор изедначувајќи се со Иван Лендл. Роџер Федерер има најмногу победи, вкупно 59.

-Ова е седми пат кога годината ја завршувам како рекет број еден во светот. За мене ова е неверојатен настан. Моето патување продолжува и се надевам дека ќе играм уште неколку години, рече Ѓоковиќ по победата над Руд.

Во „Зелената група“ уште играат Стефанос Циципас и Андреј Рублев

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.