Ѓоковиќ со метафора одговори на критиките поради Адрија Тур

619

Моментално најдобриот тенисер на светот, Србинот Новак Ѓоковиќ, објави во неделата реагирајќи на критиките на коишто беше изложен пради заразата со коронавирусот на турнирскиот караван Адрија Тур, чиј иницијатор беше, метафорична порака дека „бродовите не тонат поради водата што ги опкружува“ туку „поради водата која влегува во ни“ и ги повлекува на дното.

Ѓоковиќ, по егзибицискиот тениски турнир во Задар кој беше прекинат поради тоа што бугарскиот тенисер Григор Димитров објави дека е заразен со коронавирусот, се тестираше во Белград и објави дека е позитивен на Covid-19, а исто така и неговата сопруга Јелена.

Некои професионални активни и поранешни тенисери и многу светски медиуми ги обвинија организаторите на хуманитарната егизбициска турнеја која започна во Белград со многу дружење и забави и по турнирот во Задар, дека не биле почитувани мерките за социјална дистанца, а особено цел бепе Ѓоковиќ, кого го обвинуваат дека со својата позиција, како претседател на Советот на играчите на АТП турнирите, носи најголема одговорност.

По низата пораки со кои првиот рекет на светот, според оцените во медиумите, се сака да „се стави на столбот на срамот“, и навредливи графити испишани во Сплит со кои на Ѓоковиќ му се посакува да умре од коронавирусот, тоја на својот профил на Instagram ја остави метафоричната порака.

„Бродовите не тонат поради водата којашто ги опкружува, туку поради водата која продира во нив. Не дозволувајте она што ве опкружува да влезе во вас и да ве повлече на дното“, напиша Ѓоковиќ.

Откако на 23-ти јуни објави дека е позитивен на Covid-19, Ѓоковиќ и неговата сопруга се во самоизолација, а на Instragram објави извинување и им посака брзо оздравување на сите заразени во текот на Адриа тур, и најави медицинска поддршка.

„Доколку сте присуствувале на Адрија Турот, или сте биле во близина на некој од учесниците, ве молам да се тестирата и да ја почитувата социјалната дистанца. За оние во Белград и Задар, со нив ќе ги поделеми здавствените ресурси во блиска иднина. Остатокот од Турот е откажан и ќе останеме фокусирани на оние кои се погодени. Ќе се молам за целосно закремнување на сите“, прача Ѓоковиќ, кој беше и бранет од многу спортисти поради хуманата намера,
novins

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.