Ѓоковиќ со пресврт до финалето во Синсинати

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на мастерс турнирот Синсинати, по голема борба против Роберт Баутиста Агут, кој го победи со 2:1.

Првиот светски рекет до тримумф дојде со резултат 4:6, 6:4, 7:6, но за финале мораше да дојде по голем пресврт.

Противник ќе му биде во финалето Милош Раониќ, кој нешто претходно го елиминира Стефанос Циципас со 2:0.

Новак Ѓоковиќ гледавме дека и на овој натпревар се мачеше, трпеше болки од повредата која ја има, но издржа до крај, направи пресврт и се пласираше во финале.

Финалето Раониќ – Ѓоковиќ е закажано за денеска од 19 00 часот, а низ историјата, Новак има 10 победи од исто толку натпревари против ривалот.