Окршај код ОК Корала

Кога како мал идев у кино Вардар, Култура, Бамби, одамна, пред векови, во еден друг живот. После филмот најчесто ги гледав другите копиљаци, како се однесуваат веднаш после проекцијата на искачање од салата. Главно беше да ги прераскажуваат гласно и јасно најинтересните сцени. Слично се случуваше по дуелот Мицковски – Заев.

Ако тоа беше каубојски филм или уште подобро со Брус Ли или сличен со акција, можевте да видите во живо репетиција на тепчките од филмот. Мора валкање во прашина, маја гери, нунчаки симулации, пињау-пињау и слично… и тоа беше некогаш… денес сите културни и најчесто и единствен критички осврт после кино е: СРАЊЕ НЕ ЧИНИ ама сите седеле до крај и го изгледале… после што човек се прашува: што луѓе се публиката, што имате у тоа тропалката за бебиња? Ај, да не глуматам дека сум предоблесен, јас трчав дома после филмовте со Лаура Антонели да ги прераскажам сцените и по пат со рацете длабоко во џебовите.

Намерно чекав побајаги време да не бидам ко „копиљаците“ после проекција како што повеќемината со анализи излегоа да ни кажат што сме виделе и да ни ги кажат заклучоците од дуелот на лидерите. Ако направам резиме на она што е кажано и напишано за дуелот Миц-Зиц акцентите се на новчаниот, подлогата на под столчето и останати дејности кои спаѓаа повеќе за порталот Порнхаб одошто нешто што би требало да има суштинска вредност. Интересно е што во часовите на нивна дебата се забореше за се’ и сешто, а за мене најинтересното подобрување на социјалниот живот, економијата… де не се фемкам, и јас сум сеирџија ама не ми е приоритет во животот. Немојте да се сомневате дека сум „пис“ на уста, можам да ги ставам сите гомнојадци во контејнер, кој ме знае од 103-ка знае дека со мене нема да излезе на крај… тоа е мојот Ѕuperpower, но се откажав од него затоа што никогаш никому никаде, ни мене ни на друг, не донел никаква корист, никогаш.

Курназлакот е карактеристика на интелигентен, но крајно неспособен.

Во дуелот имаше неколку искази за економијата и какви мерки кој би донел. Чуденката е дека после такви дебати, на улиците на Франција имате барикади и ломачи затоа што очигледно кај публикумот таму работи ај кјуто пред се’ кога се работи за добробит на секој поединец. Овде, сеир и курназлак е главната вијагра и средства со општо тинкање.

Се’ се мислам дека срањето кое го живееме ама апсолутно го заслужуваме. Како телиња у шарена врата слушаме кога оди тема економија и како мистер Бин на „Алелуја“ се будиме раат на ВМРО ЛОПОВИ – СДСМ ПРЕДАВНИЦИ! Колку и што говореше Мицкоски и каква економска програма предлага? Некој? Пар луѓе, со пар анализи, другото спортски билтен кој на кого му го спопикал… за економија на публикумот им се губи погледот како кога мачка „кења“ у песок.

Во земја каде Трич и аналниот се најпопуларни, а не луѓе кои сериозно се занимваат со подобрување на економијјата, социјалата, енергетиката, заслужваме да бидеме и во полошо од ова. Ги следев и коментарите на ФБ додека идеше дуелот, само ова ќе кажам –  покултурно навивање имаат комитите и шверцерите!

ДНО? Ма, нееее…

Изгледа дека не сме на дното, оти на дното доаѓа до освестување, отворање на умот, срцето, очите, интелектот и се донесуваат најправилни заклучоци и почнува акција, дејствување. Според се’ што видов од рајата, плаче за било каков лидер само да е курназ, кој знае да „спушта“, „спопикува“, „се курчи“. Еден таков имавме кој никогаш ништо не направи во животот, но и денес е еден од најпочитуваните и најценетите.

Сори Бране, морално беше.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес