Октоподот на власт во Македонија бара можност да ги забошоти Рекет1 и Рекет2

Членки на Европската Унија посочуваат дека Македонија мора да испорача борба со висока корупција, а Октоподот на власт во Македонија бара можност да бидат забошотени скандалите Рекет1 и Рекет2. Рекет2 е класичен случај на висока корупција, во кој што, според кривичната пријава и сведоштва на оштетената страна, владини функционери спречувале странска компанија да инвестира, да купи домашна компанија, постои сомневање за рекетирање, сомневање дека државни функционери наметнувале кому да биде продадена компанијата, постои сомневање за злоупотреба на позиции и на институции како Обвинителството и на Управата за Финансиско разунавање, поведени чисто од лукративни причини, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-И истрагата на обвинителството за тоа тапка во место, или молчи иако според законите и според нормите заради јавниот интерес може да информира како тече истрагата и дали во неа се опфатени високи државни функционери. Згора на тоа, Зоран Заев се уште не ги дава Ден Дончев и Венко Филипче, не бара нивни оставки, не се дозволува колку- толку кредибилна истрага. Додека се на функции влијаат на докази, на сведоци, може да го повторат делото, може да вршат слични злоупотреби врз други компании, на штета на здравјето на граѓаните. Ниту власта се откажува од нив, ниту пак обвинителството тоа го бара. Напротив, Заев лично посведочи дека Обвинителството наместо борба со висока корупција, корупција на функционери, ја известува власта за своите сознанија и намери.

Според него, Зоран Заев, Ден Дончев и Венко Филипче практично ги признаа наводите во кривичната пријава за Рекет2, признаа дека спротивно на нормите пред странски инвеститор навеле наводен криминал и истрага за него пред воопшто истрага да почне- што се толкува како намерно лажење, се демантираат па се признаваат контакти со Зоран Милески Кичеец лицето обвинето во Рекет1, се признава дека финансиите добиени од продажба на приватна компанија се замрзнати речиси цела година, а нема резултат од наводната истрага за криминогено работење.

-Во недостаток на информации, јавноста со право се сомнева и прашува за месечни транши исплатени за Рекет пред да биде извршена продажбата, се сомнева за рекетирање на бизнисмен по продажбата со барање на дел од исплатените пари од продажбата, се сомнева за вистина постоење на Благајник со Брада во Струмица каде завршувале месечните рекетирани исплати, се сомнева во декларираните намери на Октоподот да предупредат и дека зад тоа стои криминал и корупција.