(ВИДЕО) Оланд: Нема сомнеж дека терористите сакале да ја разнесат фабриката

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, за немилиот настан што денеска се случи во близина на францускиот град Лион, истакна дека се работи за терористички напад со цел разнесување на фабриката во воздух  и дека ќе се преземат сите мерки да се заштити населението.

Утрово околу 10 часот, при терористички напад на фабрика за нафта во Франција, еден човек е обезглавен, a неколкумина се повредени. При нападот, напаѓачот носел исламистичка знаме, кое било пронајдено во близина. Телото на жртвата која не била вработена во фабриката е најдено надвор од објектот.

Француската полиција уапси едно лице осомничено за вмешаност во настанот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.