Оланд: Поминувам низ „болен“ период

Францускиот претседател Франсоа Оланд признал дека поминува низ „болен“ период со партнерката Валери Трирвајлер по откривањето на скандалот од медиумите за неговата тајна врска со актерката.

Оланд денеска ја одржал својата редовна полугодишна конференција за новинари во Елисејската палата во сенка на скандалот околу откритието за неговата врска со актерката Жили Гај и хоспитализирањето на неговата партнерка поради претрпениот шок.

Едно од првите прашања по 30-минутното обраќање се однесуваше на тој извештај.

Францускиот претседател одбил да каже да се’ уште живее со својата партнерка и дали таа се’ уште е прва дама, но ветил дека ќе ја „разјасни“ својата приватна ситуација пред посетата на САД на 11-ти февруари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.