Оланд во важна посета на Турција

Францускиот претседател Франсоа Оланд патува во посета на Турција каде со премиерот Реџеп Таип Ердоган ќе разговара за преговорите на Турција за прием во Европската Унија.

Оланд ќе ја предводи големата делегација француски министри и директори на компани. Тоа ќе биде прва ппсета на француска државна делегација на Турција во последниве 22 години.

Приемот на Турција во ЕУ заостана поради чувствителното прашање за Кипар, а Турција е земја кандидат во ЕУ од 1999 година. ЕУ во 2004 година ги отвори преговорите за влез и од тогаш се разгледани 14 од 35 преговарачки поглавја.

Интересирањето на Турција за влез во ЕУ падна и според последните анкети, само 22 отсто од граѓаните веруваа во прием, додека 78 отсто ја изгубиле надежта дека Турција некогаш ќе биде членка на Унија.

Во самата ЕУ, Германија и Франција се првите кои се против влез на Турција во еУ. Според тамошните анкети, само 17 отсто од Французите се за влез на Турција во ЕУ, додека пред 10 години биле 43 отсто. Европјаните како причина ги наведуваат културните и верските разлики.

Француските аналитичари оцениле дека Оланд оди во Турција за да ги заживее билатералните односи, но неодамна изјави дека посетата е само поради подготовки за продолжување на преговорите меѓу Турција и ЕУ, иако наведе дека во текот на неговиот мандат Турција веројатно нема да стане членка на Унијата.

Оланд со турските официјални лица ќе разговара и за заживување на билатералите економски односи, кои се заладија за време на Никола Саркози.

Францускиот претседател ќе разговара и за прашања за сириските бегалци во Турција.