Олд Трафорд ќе биде минато за неколку фудбалери

Извршниот директор на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед, Ед Вудварт потврди дека клубот планира да продаден неколку фудбалери за време на летниот преоден рок.

„Имаме една зацртана цел, да го засилиме нашиот тим на сите можни позиции. Исто така ќе мораме да продадеме неколку фудбалери за време на летниот преоден рок. Исто така има и неколку фудбалери кои ќе си заминат од “Олд Трафорд” како слободни фудбалери,” изјави Вудбарт.

Немања Видиќ и Патрис Евра ќе си заминат од Манчестер како слободни фудбалери, ветеранот Рио Фердинанд најверојатно ќе стави крај на професионалната кариера, а излезната врата од “Олд Трафорд”, најверојатно ќе им биде покажана на Хавиер Ернандез, Синји Кагава, Џон О’Ши, Линденгард и на Нани.