Џолев: За притворот на Мијалков судот постапи ажурно

Предлогот за притвор на Сашо Мијалков стигна во Судот во неделата во 15 часот, а одлуката е изготвена во 18:30 часот. Тоа се сè на се три и пол часа, така што Судот постапи апсолутно ажурно, изјави претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев денеска во Штип.

Тој појасни дека Кривичниот суд согласно законските одредби има рок да постапува по предлог за 24 часа и дека можел да одлучува и во понеделник до 15 часот. Меѓутоа, како што додаде, сметале дека треба итно да се постапи, веднаш и така е постапено.

-Предлогот за притвор во Судот стигна во недела во 15 часот, а одлуката е донесена во 18:30 часот. Сите познавачи на судството во Македонија ќе ви кажат дека Судот одлучувал во најбрз можен временски период. Согласно законските одредби рокот е 24 часа, што значи судот можел да одлучува до понеделник до 15 часот, но сметавме дека е итно да се постапи и така е постапено, рече Џолев одговарајќи на новинарско прашање зошто се чекало толку време за Судот да издаде решение за домашен притвор на Мијалков.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.