Не можеме предвреме да речеме дека ќе елиминираме некого заради тоа што во јавноста се шпекулира поради нешто, не знам на кој начин би го вршеле тој дел како Совет, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, во врска со изборот на обвинителот Артан Ајро во Вишото јавно обвинителство Скопје.

За обвинителот Ајро во јавноста се шпекулираше дека ДКСК има отворено предмет за случај во кој неговата сопруга и неговиот брат се стекнуваат со голем личен бенефит, а како што рече Јолевски, Судскиот совет не може да се впушти во нешто кога нема завршена постапка со која би се укажало дека има пропусти.
Во однос на неизбирањето на обвинителката Ленче Ристовска во Вишото јавно обвинителство, претседателот на Советот изјави дека немале можност да ги проверат резултатите од нејзиното работење и дека таа би можела да се јави и на конкурсот во септември. Јолевски дополни дека кај обвинителката Ристовска периодов има недостаток на работа по предмети.
„Кај Ленче имаме недостиг од работа по предмети во овој период, зборуваме за различни предмети со кои би се сретнала и во Вишото обвинителство. Во Вишото обвинителство се бара работа по сите видови на предмети, не само на одредена категорија во одредена област. Сепак, Специјалното обвинителство не работеше кривични дела убиства, не работеше со дрога, еден куп предмети кои ги работат во Основното обвинителство, а ќе треба да одлучува и за тие предмети. Тие беа специјализирани за најтешките дела, ама најтешките дела од областа на злоупотребата“, појасни Јолевски.