Оливер Андреевски и Елисавета Булоска се новите зет и невеста на Галичка свадба

Месната заедница Галичник соопшти дека се избрани новите зет и невеста за овогодинешната Галичка свадба.

-Овогодишен зeт е Оливер Андреевски, со потекло од галичката фамилија Шулески, долгогодишен учесник на Галичка свадба како и дел од организацијата на повеќе настани во Галичник, додека невестата е Елисавета Булоска со потекло од Охрид, се вели во соопштението.

Парот ги исполнува сите потребни услови за учество во Галичката свадба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.