Оливија Њутн Џон ги продава панталоните од „Брилијантин”

Глумицата и пејачка Оливија Њутн Џон, најпозната по улогата во филмот „Брилијантин” каде глумеше покрај Џон Траволта, ќе продаде околу 500 свои предмети на аукција. Меѓу нив и славните црни панталони од завршните сцени од филмската класика.

На аукцијата ќе биде понудена и виолетовата јакна што таа ја носеше во филмот, како и црната кожена јакна со која ја видовме на крајот од истиот.

Сиот приход од наддавањето ќе оди во добротворни цели.

Познатата глумица, инаку, со години се бори со рак на дојката, што првпат ѝ беше дијагностициран 1992 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.