Олси Рама: Никој не ми може ништо, имам американски пасош!

Братот на албанскиот премиер, Олси Рама е пуштен на слобода ото бил задржан поради сомнеж дека со дронот испровоцирал инцидент на стадионот на Партизан, тврдат медиумите во Тирана.

Како што наведува ТВ станицата „Њуз 24“, Рама заедно со уште тројца Албанци бил задржан околу 40 минути, но потоа е „внесен“ во возило и однесен на аеродром.

Како што јавува српски Блиц Рама по пуштањето изјавил дека никој не му може ништо бидејќи е американски државјанин.

Косовската „Газета експрес“ пак, објавила кратка информација дека Рама не бил уапсен.

„Амбасадорот на Албанија рече дека три лица се задржани и им биле проверувани американските пасоши. Има информации и дека задржувањето е поврзано со сомнежот дека едно од лицата кај себе криело далечински за управување на леталото“, пишува „Њуз 24“.

Се додава и дека дошло до заблуда, како и дека четири лица по преговорите со српската полиција се пуштени и не се уапсени.

Се наведува и дека владини извори сугерираат дека Олси Рама ќе се враи во земјата заедно со новинарските екипи.

Големиот инцидент се случил во екот на наговестувањето на подобрените односи меѓу Албанија и Србија, поради што на 22. октомври е најавена посета на Белград од страна на албанскиот премиер, Еди Рама, што би било прво доаѓање на премиер на Албанија во Србија во последните 80 години.