ОМД: Фон Дер Лајен да се извини за тоа што кажа „северномакедонци“

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула Фон Дер Лајен треба да се извини за употребата на „северномакедонци“, бараат од Обединетета македонска дијаспора (ОМД).

Претседателката за време на посетата на Скопје нè нарече „северномакедонци“, по што евроамбасадорот Дејвид Гир застана во нејзина одбрана и кажа дека тоа е лапсус.

„Ја повикуваме веднаш да се извини“, велат од ОМД.