ОН: 23 милиони луѓе се соочуваат со „акутен глад“ во Авганистан

Со „акутен глад“ во Авганистан во моментов се соочуваат 23 милиони луѓе, соопштија Обединетите народи во вторникот истакнувајќи дека „неверојатни“ 95 отсто од популацијата не се храни доволно, а во само женските домаќинства дури 100 отсто.

Во јуни, еден месец пред талибаните повторно да се вратат на власт по хаотичното повлекување на странските сили предводени од САД по две децении војна, бројот на луѓете кои се соочуваат со „акутен глад“ изнесуваше 14 милиони, се наведува во соопштението на земеникот на специјалниот претставник за хуманитарни прашања на ОН, др Рамиз Алакбаров.

Меѓутоа, сега таа бројка изнесува 23 милиони луѓе и Авганистанците се соочуваат со недостиг од храна и криза од потхранетост од невидени размери. Брзиот пораст ги принудил семејствата да се свртат кон очајнички мерки, како што се изоставување на оброците или земање на досега никогаш невиден нивоа на заеми за да се прехранат, според финкционерот на ОН.

„Во Авганистан, неверојатно 95 отсто од популацијата не јаде доволно храна, а тој процент се искачува на речиси 100 отсто во женските домаќинства. Тоа е грубата стварност“, вело Алакбаров.

Многу луѓе во Авганистан долго живееја во сиромаштија, но со падот на владата којашто ја поддржуваше меѓународната заедница и со талибанското враќање на власт минатата година, десетици илјади луѓе ги загибија своите главни извори на приходи.

Меѓународните фондови за развој се отсечени, а резервите на авганистанската централна банка кои изнесуваат повеќе од 9 милијарди долари се замрзнати за да не ги користи новата талибанска власт, поради што во земјата се случи финансиски крах. И покрај милиони долари кои во земјата се слеаја преки пакетите за хуманитарна помош на ОН, економијата на земјата и натаму е во слободен пад, кој сега е забрзан.